about_bg

За компанијата

За компанијата

          ЕЛЕНИ-КОМЕРЦ е основана 1996 година. На самиот почеток се занимава со увоз и продажба на повеќе видови прехрамбени производи. Веќе во 1997 година главната дејност на комапнијата се насочува кон увоз, продажба и дистрибуција на маслинки. Во наредните неколку години грижата на квалитетот не насочува да се посветиме во пронаогање на квалитетни деловни партнери кои располагаат со географски најквалитетна маслинка.
 
         Денес работиме со една од најпознатите компании за производство на маслинка, не само кај нас во регионов туку и надвор од Европа. Во моментов сме единствени застапници во Македонија за INTERCOMM FOODS која е една од водечките фабрики за производство, пакување и процесирање на маслинки во над 30 земји од Европа како и во САД, Канада и Австралија.
 
        Следејки  ја постојано ситуацијата и развојот на настаните, а во согласност со потребите на нашите потрошувачи, веќе е изработен проект за проширување и изградба на уште еден објект кој би ни служел за преработка и препакување на маслинки во помали и поатрактивни пакувања достапни за секој купувач.