about_bg

Придобивки

Придобивки

Маслиново дрво

             Маслинката е библијска билка, позната од многу одамна. Таа се споменува во Библијата како симбол на мир и добронамерност, но и како симбол на животот и надежта. За старите народи, маслинката била симбол на мудроста. Маслиновото дрво успева само во јужните и топли краеви, бидејки веќе на 10 степени целзиусови угинува. Првите маслинки се насадени речиси пред повеке од 6000 години, и од тогаш се високоценети во исхраната, медицината и козметиката. Најценет е плодот на маслинката кој се јаде сиров или конзервиран. Но, маслинката својата популарност ја стекнала и поради маслото кое се наога во нејзиниот плод. Плодовите на маслинката содржат дури 35% масло, кое не е само зачин туку и природен лек.

Layer-192_SAgnbtjHzyfS6Po2_1385982490.png
Layer-151_0TExcHyI3wSEXZlo_1385982419.png

Маслиново масло - извор на здравје и благодет

          Маслиновото масло е крал меѓу маслата, вистински извор на здравје, вистински лек кој нуди огромен број придобивки за организмот. Маслиновото масло е најдобриот избор за вашите салати и сите други ваши јадења. Маслиновото масло е богато со каротеноиди и голема резерва на антиоксиданси. Високо квалитетното, ладно цедено маслиново масло содржи витамин Е, како и незаситени масни киселини кои се од исклучителна корист за организмот. Маслиновото масло е вистинска ризница на материи кои му се потребни на организмот, па затоа наместо да ги набројуваме нив ке се потрудиме да ви презентираме каква е здравствената корист од конзумирањето на маслиновото масло.
         Маслиновото масло го јакне имунитетот, го штити срцето и крвните садови, но дејствува и против хроничните дегенеративни заболувања. За разлика од некои други намирници маслиновото масло било многупати испитувано и тестирано, па неговите придобивки се евидентирани и потврдени во многу научни медицински списанија и портали. Маслиновото масло е заштитник на желудникот. Има и силни антивоспалителни својства. Можеме да кажеме дека маслиновото масло е благодет за скоро сите органи во нашето тело. Маслиновото масло е добар заштитник од атеросклероза како и од дијабет и скоро сите метаболички пореметувања. Маслиновото масло е одличен избор на лугето кои патат од зголемени триглецириди и холестерол, па се препорачува овие луге сончогледовото масло во целост да го заменат со маслиново масло.

       Во некои истражувања при кои се испитувале способностите на маслиновото масло против ракот, се докажало дека тој има висока протективна улога особено кога се работи за рак на дебело црево и дојка. Се препорачува на сите луге кои имаат склоност кон овие заболувања редовно да го употребуваат маслиновото масло во исхрана, односно да го заменат со стандардното. Научниците веруваат дека маслиновото масло е одлично во регулирање на шекерот во крвта бидејки се докажало дека оброците во кои има додадено маслиново масло имаат помала моќ за нагло покачување на шекерот во крвта. Маслиновото масло има и влијание во намалување на крвниот притисок. Научниците велат дека и мала количина на маслиново масло влијае во намалувањето на крвниот притисок. Скоро и да нема орган во телото кој нема придобивка од редовното конзумирање на мслиновото масло. Маслиновото масло е добро и за асматичари, луге со пептичен улкус и било какви воспалителни заболувања.